Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на десницата

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на десницата

Десетици илјади Германци одржаа демонстрации синоќа пред Бранденбуршката порта во Берлин, против зголеменото влијание на екстремната десница, јави ДПА.

Демонстрантите користеа фенери и мобилни телефони за да создадат, како што го нарекоа организаторите „море од светла“ насочено против партијата Алтернатива за Германија (AфД).

Според полицијата, бројот на учесници на протестот во главниот град на Германија бил околу 30.000 луѓе.

Демонстрациите се одржаа еден месец пред Германците да излезат на парламентарни избори. Блокот од опозициските партии од десниот центар, предводен од Фридрих Мерц, води во предизборните анкети, додека АфД е на второ место. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата