Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент

Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби.

Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.

„Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола. Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата