- Денеска примаме 199 сонародници, изјави венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабело на меѓународниот аеродром во Каракас.
Ова е четврти лет со кој Венецуелци се депортираат од САД.
Првите два авиони полетаа од Ел Пасо, Тексас, на 10 февруари, по што следеше еден со 177 мигранти кои беа во затворот Гвантанамо на Куба и пристигнаа во Венецуела преку Хондурас.