51-годишниот Илон Маск зборуваше на тема ескалација на конфликти низ светот која кулминира со уште една голема војна и рече дека не треба да ја отпишуваме можноста за нова светска војна
Американскиот милијардер и извршен директор на X Илон Маск изјави дека не можеме да ја „отфрлиме можноста за нуклеарна војна“ која би можела „да го врати човечкиот напредок во каменото доба“.
Маск (51) разговараше со Лекс Фридман, руско-американски компјутерски научник и писател, на тема ескалација на конфликтите низ светот ко кулминираа со уште една голема војна.
„Мислам дека не треба да ја игнорираме можноста за нуклеарна војна. Тоа е закана за цивилизацијата“, му рекол Маск на Фридман.
Тој призна дека шансите се „прилично мали“, но со оглед на влошените конфликти во Европа и на Блискиот Исток, уште една светска војна се чини поверојатна отколку што беше во претходните децении.
„Очигледно, глобалната нуклеарна војна има голем потенцијал да стави крај на цивилизацијата, можеби трајно, но секако сериозно да го повреди и можеби да го врати човечкиот напредок во каменото доба или нешто слично“, рече Маск.
Трамп: Третата светска војна е „многу блиску“
Неговите коментари доаѓаат веднаш откако Доналд Трамп предупреди дека Третата светска војна е „многу блиску“. На Самитот за слободата на Флорида во САД минатата недела, поранешниот претседател зборуваше за неговите планови доколку победи на изборите во 2024 година.
77-годишникот рече: „Ви го ветувам ова како претседател. … Ќе го вратам мирот, и да, јас сум единствениот кој ќе ја спречи Третата светска војна бидејќи сме многу блиску до Трета светска војна“.
„Израел, Украина - тоа никогаш нема да се случи под администрацијата на Трамп“, додаде тој, според Дејли Стар.