Дали кардиналот Кевин Ферел, сега вршител на должност поглавар на Ватикан, е следниот папа?

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали кардиналот Кевин Ферел, сега вршител на должност поглавар на Ватикан, е следниот папа?

Откако објави дека папата „отишол во домот на Отецот“, ирско-американскиот кардинал Кевин Ферел ја презеде една од неговите најважни улоги досега: онаа на кардиналот Камерленг, личноста која управува со Ватикан по смртта или оставката на папата, објави Би-Би-Си.

Папата Франциск го назначи на оваа функција во 2019 година. Кардиналот Ферел ќе остане на функцијата во периодот познат како Apostolica Sedes Vacans - периодот помеѓу смртта или оставката на папата и изборот на нов понтиф.

Тој ќе има клучна улога и во вековните церемонии на жалост за папата Франциск. Роден во 1947 година во Даблин, Ферел студирал на Универзитетот во Саламанка во Шпанија и на Папскиот Грегоријански универзитет во Рим, според податоците на Ватикан.

Служел во цркви ширум светот - тој бил капелан на Универзитетот во Монтереј во Мексико, како и во парохијата во Бетесда, Мериленд.

Севкупно, 77-годишникот поминал повеќе од 30 години служејќи на црквата во Соединетите Американски Држави.

Ферел беше назначен за бискуп на Далас во 2007 година, додека папата Франциско не го повика да раководи со новоформираниот оддел во Ватикан одговорен за пасторалната грижа на семејствата во 2016 година, а во тоа време го унапреди во чин кардинал.

Години подоцна, во 2023 година, Франциск го назначи Ферел за претседател на Врховниот суд на државата Ватикан. Назначен е и за претседател на Комисијата за доверливи прашања.

Како камерлен, кардиналот Ферел ќе има задача да ја организира конклавата - процес со кој се избира нов папа. Технички, кардиналот може да стане папа, што се случило двапати во историјата: Џоакино Печи (папата Лав XIII) во 1878 година и Еугенио Пачели (папата Пие XII) во 1939 година.

Кардиналот претседава и со потврдувањето на смртта на папата Франциск и полагањето на неговото тело во ковчегот. Потоа се очекува да ја предводи поворката со која ќе го носи телото на папата од капелата на Домот на Света Марта до базиликата Свети Петар.

Церемонијата би можела да се одржи уште во среда наутро, според Ватикан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата