Американските разузнавачки агенции неодамна проценија дека Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“.
„Сега му ја предадовме на Иран де факто контролата врз теснецот - оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“, изјави извор запознаен со проценката за „CNN“.
Висок американски функционер изјави за „CNN“ дека Иран не може да има корист од ниту една од придобивките од рамковниот договор доколу теснецот не остане отворен и Техеран не ги почитува другите точки за кои се согласил. Функционерот рече дека САД ќе ја олеснат блокадата додека Иран го обнови сообраќајот во теснецот.
Друг извор запознаен со рамковниот договор рече дека Иран ги налутил Кина и земјите од Заливот обидувајќи се да го наруши слободниот проток на енергија низ теснецот.
„Иран плаќа цена кога го прави ова“, изјави изворот за „CNN“.

