Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека „четворица машки нарко-терористи“ загинале во „смртоносен кинетички напад“ врз брод за кој САД тврдат дека се движел по познати рути за шверц на дрога и бил вклучен во такви активности.
Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци повеќепати наредуваше напади врз бродови во Карибите и источниот дел на Тихиот Океан, наведувајќи дека целта е спречување на прекуграничниот шверц на дрога.
Критичарите оценуваат дека ваквите смртоносни напади во меѓународни води го прекршуваат меѓународното право.
Според официјални податоци, во слични операции досега се убиени повеќе од 130 лица.

