Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија воочи престојните избори

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија воочи престојните избори

Посетата на Венс се смета како знак на поддршка за Виктор Орбан за изборите, за кои аналитичари ценат дека ќе бидат најголем предизвик за премиерот Орбан од неговото стапување на власт во 2010 година.

Американскиот државен секретар Марко Рубио беше во Будимпешта минатиот месец.

Како еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп во Европа, Орбан подолго време е во спор со Европската унија по повеќе прашања, вклучително и Украина. Тој одржува блиски односи со Москва, одбива да испраќа оружје во Украина и оценува дека Киев нема да може да стане членка на Унијата.

Трамп минатиот месец му даде поддршка, нарекувајќи го „навистина силен и моќен лидер“, а во вторникот повторно ги повика Унгарците да „излезат и да гласаат за Виктор Орбан“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата