Четворица мажи се јавно егзекутирани на стадиони пред десетици илјади луѓе- ужас во Авганистан

11.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица мажи се јавно егзекутирани на стадиони пред десетици илјади луѓе- ужас во Авганистан

Еден ден претходно, локалните власти ги поканија официјалните лица и граѓаните да дојдат и да „учествуваат на настанот“, додека, како и обично, ги забранија сите камери и мобилни телефони за да се спречи ширењето на сликите, јавува Франс 24.

Двајцата мажи биле егзекутирани пред околу 20.000 луѓе собрани на стадионот во Кала-И-Нав, главниот град на северозападната авганистанска провинција Бадгис, според исламскиот принцип на „кисас“ или одмазда, соопшти Врховниот суд.

Трет човек е егзекутиран во градот Зарањ, главниот град на провинцијата Нимроз во југозападниот дел на земјата.

Четвртиот е погубен во Фарах, главниот град на истоимената провинција на запад.

И овде егзекуциите се случувале јавно и на преполни стадиони.

Сите наредби за егзекуција биле потпишани од врховниот лидер на талибанците, емирот Хибатула Ахунџада, кој живее повлечено во неговото јужно упориште Кандахар и управува со земјата со декрет или инструкции, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Јавните егзекуции беа вообичаени за време на првиот талибански режим, помеѓу 1996 и 2001 година, но драстично се намалени откако Талибанците се вратија во Кабул во летото 2021 година.

Оттогаш, шест мажи се погубени за „убиство“: еден во ноември, тројца во февруари 2024 година, еден во јуни 2023 година и првиот во декември 2022 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата