Најмалку четири лица се убиени во руските напади врз градот Суми, во североисточна Украина, изјави регионалниот гувернер Олег Григоров, додавајќи дека бројот на повредени лица во непријателскиот напад со дрон врз болница во Суми исто така се искачи на четири.
Претходно денеска, службите за итни случаи на Украина објавија дека две лица се убиени, а четири се ранети во нападите врз регионот.