Бундестагот на 6 мај го избира Фридрих Мерц за нов германски канцелар

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бундестагот на 6 мај го избира Фридрих Мерц за нов германски канцелар

Фридрих Мерц (69) треба да биде избран од мнозинството од 630 пратеници во Бундестагот, пред истиот ден да ја преземе власта од Шолц.

Лидерот на конзервативците, победници на неодамнешните парламентарни избори, ќе ја предводи коалицијата формирана со Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот во заминување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата