„Нашата цел мора да биде да создадеме паритет во кабинетот и преку политиката“, рече Ескен во забелешките објавени денеска, неколку дена откако СПД постигна коалициски договор со блокот ЦДУ/ЦСУ на конзервативниот лидер Фридрих Мерц.
Според условите на коалицискиот договор, СПД треба да има седум од 16-те позиции во кабинетот, и покрај тоа што освои само 16,4 отсто од гласовите на парламентарните избори во февруари. /МИА