Идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани.
-Бројот на Венецуелци кои загинаа како директен резултат на земјотресите од 24 јуни е 4.333 лица со 16.740 повредени и 6.462 спасени. Додека има живот има и надеж. Сè уште имаме едно или две места каде ситуацијата е неизвесна и нашите екипи продолжуваат да трагаат по можни преживеани. Многу од машините кои го донесоа интернационалните спасувачи се опремени и им овозможуваат да се детектира дали има срцебиење или топлина. Што покажува дека таму има живот. – Хорхе Родригез – Претседател на Националното собрание
Борбата за секој човечки живот продолжува. Спасувачките екипи, веќе со денови неуморно работат на терен, пребарувајќи го секој сантиметар под огромните бетонски блокови и урнатини. Иако шансите се намалуваат со секој изминат час, надежта кај спасувачите не згаснува. На некои од рушевините се уште се чека помош додека семејствата со голи раце пребаруваат.
-Поминаа 16 дена и се уште нема помош да го извлечеме мојот син од рушевините. Не само него, има и други луѓе таму. Има и деца на приземјето а само машините работат и на ништо друго не се чека.
-Ги бараме не само мојата внука и нејзините четири деца, го бараме и семејството на колега, семејствата на сите бидејќи сите станавме едно семејство.
Операциите на терен не запираат ниту во текот на ноќта. Екипите се обидуваат да лоцираат какви било знаци на живот.
-Тука сме секоја ноќ и никој не оди дома да се одмори. Во истата облека сме од 26.06 од вториот ден по земјотресот. Не сме заминати да се преслечеме и да се одмориме.
-Мојот брат е овде но тој сакаше да спаси една госпоѓа која имаше шанси да преживее и тоа ќе го направеше без разлика на се. И од оние што преживеаја овде во зградата кажаа дека кога тој се вратил да ја бара скалите тие се срушиле и останале неколку луѓе долу. И госпоѓата, фала му на Бог е жива и е во прифатилиште, но сакаме да го најдеме мојот брат дури и ако е само телото.
Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици. Според проценките на ОН околу 50 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати по катастрофалните земјотреси во Венецуела.
