Бродот пловел по рутата позната како коридор за транспорт на оружје.
Товарниот брод Рона, што можеше да превезува 2.453 тони, си должина од 114 метри и ширина од 13 метри, испратил повик за помош, по што се спасени сите 14 членови на екипажот. Сите спасени се државјани на Иран и Индија, соопшти Министерството за надворешни работи на Туркменистан.
Податоците од следењето покажуваат дека бродот од октомври 2024 година до декември 2025 година околу 20 пати испловил од иранските пристаништа Амирабад и Анзали, а се закотвил во руските пристаништа Астрахан, Махачкала и Азов.
Украинските специјални сили во соработка со движењето на отпорот „Црна искра“ минатиот месец извршија операција во Касписко Море, погодувајќи два руски брода кои превезувале оружје и воена опрема.
Украинската армија во август минатата го нападнаа пристаништето Олја во регионот Астрахан, погодувајќи брод натоварен со компоненти за беспилотни летала „Шахед“ и иранска муниција.

