Прераспоредувањето ќе трае околу една недела, објави „Њуз нејшн“ (NewsNation).
Маневарот се случува поради протестите во Иран и дебатата дали САД ќе им помогне на демонстрантите, како што најави американскиот претседател Доналд Трамп.
Во меѓувреме, „Волстрит џурнл“ (The Wall Street Journal) објави дека сегашни и поранешни американски воени претставници предупредуваат дека одлуката на Трамп за воено засилување на Карибите, донесена минатата есен како дел од кампањата за притисок врз тогашниот венецуелски претседател Николас Мадуро, сега ги ограничува опциите на Вашингтон во случај на конфликт со Техеран поради протестите.
Пентагон околу Карибите има распоредено 12 воени бродови, а на Блиски Исток – шест.
Трамп во октомври минатата година го прераспореди носачот на авиони УСС Џералд Р. Форд од Средоземно во Карипско Море, така што сега не располага со ударна група на носачи на авиони на Блискиот Исток или во Европа.
Според воените експерти, тоа не значи дека ако Трамп нареди напад врз Иран американската армија не може да ја изврши. Евентуален напад би се извршил со ракетите Томахавк, кои би биле лансирани од бродовите разорувачи стациониран на Блиски Исток, би се ангажирале и борбените авиони кои се во регионот, како и авиони бомбардери, кои можат да долетаат од базите во САД до Иран.
Тие наведоа и дека САД за воздушни напади би можеле да ги користат базите во Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединети Арапски Емирати, но и авиобазите во Европа – РАФ Лејкнхет во Велика Британија, Авиано во Италија и Спангдалем во Германија.
Воените капацитети на Иран се значително намалени минатогодишните по израелските и американските напади. Додека при израелските воздушни напади во 2024 година, според „Волстрит џурнл“ уништена е иранската стратешката воздушна одбрана и сериозно се оштетени производствените капацитети за ракети.

