Британските служби јавуваат за ирански напад врз транспортен брод во близина на Оман

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британските служби јавуваат за ирански напад врз транспортен брод во близина на Оман

Инцидентот се случил околу 15 наутички милји (околу 28 километри) североисточно од Оман, во чувствителна зона на Арапското Море.

Според информациите на Британската служба за поморски трговски операции, капетанот на транспортниот брод пријавил дека до нив се приближил ирански воен глисер, од каде без претходно предупредување бил отворен оган. Од нападот била причинета сериозна штета на командниот мост на бродот, но оти нема пријави за пожар ниту за еколошко загадување, како и дека екипажот е безбеден.

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии во регионот, каде во последните месеци се регистрирани повеќе напади врз бродови во Персискиот Залив, Ормуската Теснина и Оманскиот Залив – клучни поморски рути за светската трговија со нафта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата