Неидентификуван маж од Јоркшир починал откако бил во контакт со куче скитник за време на одмор во Мароко, при што се заразил со вирусот на беснило, објави Birminghamlive.
Ова е фатален случај на ретката, но опасна болест, која се пренесува на луѓето преку каснување или гребење од заразено животно. Заразениот Британец бил дијагностициран дури откако се вратил во земјата, но било предоцна.
Семејството било шокирано кога дознало за причината за смртта на туристот, а раководителката на одделот за нови инфекции и зоонози на UKHSA, Кетрин Расел, изразила сочувство. Таа рекла дека болеста е речиси секогаш фатална, но може да се спречи со соодветен и навремен третман. Расел ја нагласи потребата од претпазливост при ракување со животни во земји каде што беснилото сè уште постои.
Министерството за здравство на Велика Британија ги предупреди сите патници да бидат исклучително внимателни кога доаѓаат во контакт со животни додека патуваат во земји каде што беснилото сè уште постои и да побараат итна медицинска помош ако бидат каснати или изгребани.