Британски авиони собориле дронови насочени кон Јордан и Бахреин

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британски авиони собориле дронови насочени кон Јордан и Бахреин

Авионите успешно уништиле беспилотен систем „во одбрана на Јордан“ и пресретнаа дрон кој се движел кон Бахреин, наведе Министерството.

Во соопштението се информира дека Обединетото Кралство почна со спроведување на одбранбени воздушни летови како поддршка на Обединетите Арапски Емирати.

„За поддршка на одбранбените операции, Обединетото Кралство распореди дополнителни експерти за воздушни операции во Заливот – со цел да се обезбеди прецизна воздушна слика низ регионот и да им се помогне на партнерите во управувањето со воздушниот простор. Дополнителни хеликоптери од типот Wildcat пристигнаа во нашите бази во Кипар како поддршка на одбранбените операции во регионот. Хеликоптер од типот Merlin веќе пристигна на терен за дополнително зајакнување на нашите капацитети за откривање воздушни закани“ соопшти британското Министерство за одбрана.

Израел и Соединетите Американски Држави го нападнаа Иран откако дипломатските преговори за иранската нуклеарна програма не доведоа до договор, што предизвика воздушни напади на Иран врз Израел и други земји на Блискиот Исток. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата