Британска нуклеарна подморница пристигна во Арапското Море, вооружена е со ракети „Томахавк“

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британска нуклеарна подморница пристигна во Арапското Море, вооружена е со ракети „Томахавк“

ХМС Ансон, вооружен со ракети „Томахавк Блок IV“ и торпеда „Спирфиш“, го напушти Перт претходно овој месец и патуваше приближно 8.500 километри до регионот, според „Дејли меил“.

Подморницата периодично излегува на површина за да комуницира со Постојаниот заеднички штаб на Велика Британија во Нортвуд, каде што секоја наредба за лансирање би била одобрена од премиерот и пренесена од раководителот на заедничките операции, се додава во извештајот.

Распоредувањето доаѓа откако САД добија дозвола да користат британски бази за напади врз ирански локации што ја загрозуваат Ормуската Теснина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата