Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси

Министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7 синоќа соопштија дека се подготвени да преземат неопходни мерки за поддршка на глобалните испораки на енергенси и ја потврдуваат важноста на заштитата на поморскиот сообраќај, вклучително и оние во Ормутската Тесница.

„Изразуваме поддршка до нашите партнери во регионот во услови на неоправдани напади од страна на Исламската Република Иран и нејзините сојузници“, се вели во соопштението на министрите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, како и шефот на дипломатијата на Европската Унија.

Тие најостро ги осудија „безобѕирните напади на иранскиот режим врз цивилите и цивилната инфраструктура, вклучително и енергетската инфраструктура“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата