Му ги објавија сите слики на Хантер Бајден - главна вест

„Блудниот“ син на претседателот – се дрогира, со проститутки и сето тоа е снимено

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Блудниот“ син на претседателот – се дрогира, со проститутки и сето тоа е снимено

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, е фатен во секс нарко скандал и финансиски криминали пред кандидатурата на неговиот татко за втор мандат во Белата куќа.

Хантер Бајден е на сите насловни страници на медиумите во Америка и Европа откако се појавија илјадници фотографии од него како добро се забавува со проститутки и опијати.

Десничарската непрофитна организација Марко Поло објави 8.864 слики на bidenlaptopmedia.com кои вклучуваат стотици слики на Хантер Бајден како се дрогира и има секс со проститутки

Фотографиите дојдоа од напуштениот лаптоп на Хантер и заедно со развратните слики вклучуваат слатки семејни фотографии на Хантер со неговиот татко Џо и остатокот од кланот Бајден

Сликите се датирани помеѓу 2008 и 2019 година и имаат географски локации на Косово, Хаваи, Кабо Сан Лукас, Кина, Лондон, Париз, Рим и повеќе.

На страницата bidenlaptopmedia.com се објавени фотографии на кои се гледа како Хантер Бајден конзумира дрога и има секс со проститутки, но има и семејни фотографии и снимки од неговото секојдневие, јавува Дејли маил,а пренесува Вечерњи лист.

Десничарската непрофитна организација Марко Поло објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден.

На сајтот bidenlaptopmedia.com се објавени фотографии на кои се гледа како Хантер конзумира дрога и има секс со проститутки, но има и семејни фотографии и снимки од неговото секојдневие.

Фотографиите објавени на оваа страница се на лаптопот на Хантер, 7.032 од нив, 1.832 се од резервната копија од неговиот мобилен телефон, 428 биле „фотографии во живо“, 674 биле текстуални пораки, 579 биле слики од екранот, а 40 биле испратени преку WhatsApp и 111 преку други апликации.

Фотографиите датираат од 2008 до 2019 година, а на некои се прикачени географски координати. Така, може да се види дека Хантер е снимен на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканската Република, Западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и насекаде низ САД. Сите фотографии кои ексклузивно ги презентира Дејли Мејл се автентични, потврдени од експерти за сајбер форензика, пренесува Вечерњи лист.

Инаку, организацијата Марко Поло е основана од поранешниот вработен во Белата куќа на Трамп, Гарет Зиглер (28), а тие се опишуваат себеси како „непрофитна истражувачка група која разоткрива корупција и уцени“.

-Ако Американците сакаат да знаат какво е нивното прво семејство, ќе дознаат. И нема само да објавуваме фотографии кои ги прикажуваат Бајденови во добро светло – рече Зиглер.

Организацијата објави и извештај од 645 страници за истрагата за содржината на лаптопот на Хантер.

-Документот го товари Хантер за 459 кривични дела, вклучително и кривично дело проституција, дистрибуција и поседување дрога, измама на владини агенции, нелегално странско лобирање и перење пари.

Зиглер, исто така, користел е-пошта и други документи од лаптопот за да потврди дека претседателот Џо Бајден бил соучесник во даночно затајување, го прекршил Законот за претседателска евиденција и користел нејавни информации за финансиска добивка во шест инциденти помеѓу јуни 2010 и декември 2016 година.

Објавувањето на сликите може да биде шок за Бајденови.

Сите објавени фотографии на Дејли меил на ОВОЈ ЛИНК 

Сите 9000 фотографии од Хантер Бајден на ОВОЈ ЛИНК

Фото: принтскрин Дејли маил

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата