Според Би-Би-Си, целите биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори во кои се случува нуклеарна фисија. Поради оваа причина, ризикот од ширење на радиоактивноста е минимален.
-Нема нуклеарна реакција во централа за збогатување ураниум, за разлика од нуклеарна централа, објасни за Би-Би-Си Сајмон Мидлбург, експерт за нуклеарни материјали на Универзитетот Бангор. Во електрана се случува контролирана фисија - разделување на атоми на ураниум, што создава топлина, но и високо радиоактивен отпад.
Од друга страна, при збогатување на ураниум, централите произведуваат само гориво - нема нуклеарна реакција.
Доколку таков објект биде бомбардиран, вели Мидлбург, збогатените честички од ураниум би можеле да бидат ослободени во околината, но нема да има нуклеарна експлозија или широко распространето зрачење.
-Опасноста би останала локализирана, без радиолошки ризик надвор од малата зона на исклучување околу засегнатиот објект, рече Мидлбург.
Би-Би-Си потсетува дека израелските сили извршија нови напади врз објектите во Натанц синоќа. Досега нема информации за истекување на радиоактивен материјал.