Балистичка ракета ја погоди болницата „Сорока“ во градот Бершева, кој според израелскте власти нуди услуги за милион жители од југот на земјата. Повредени се 40-ина луѓе во и надвор од објектот, кој со часови беше во пламен. Техеран соопшти дека мета не била болницата, туку израелска воена база.
-Овој проектил, односно оние кои го лансираа не се грижат, тие би убиле секого се додека е во Израел. Тоа се оние кои што одлучија да го лансираат и кои се насочени кон нуклеарна програма за да го уништат ова место и кои шират хаос и терор во целиот свет. , изјави Исак Херцог, претседател на Израел.
Освен Бершева, ирански проектили погодија и цели во Тел Авив, северниот град Холон и градот Рамат Ган, каде беше погоден облакодер, а повредени беа десетици луѓе.
-Беше како цунами. Вратата од засолништето се отвори, кучето истрча надвор. Целото соседство и влезот од зградата беа полни со стакла. , жителка на Рамат Ган.
-Утрината ја чувме бомбата, сето го видов од прозорецот. Состојбата беше мрачна и тешка. Сите прозорци се скршија. , жител на Рамат Ган.
Израелската војска објави дека извршила напади врз Иранските нуклеарни постројки во Бушер, Исфахан и Натанц, а цел бил и нуклеарниот реактор во местото Арак.
Сега очите на светот се насочени кон Трамп, кој и натаму калкулира со изјавите за евентуала директна воена интервенција на САД во Иран, по се погласните шпекулации дека нападите веќе ги одобрил, но се чека финална одлука.
-20 години зборував, можеби и подолго дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, долго го зборував тоа, а мислам дека тие беа на неколку недели да произведат едно. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Според организацијата „Активисти за човекови права“ во седумдневниот конфликт досега загинале над 500 Иранци и 25 мина Израелци.