Берлин го разбира предвременото заминување на Трамп од самитот на Г7

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Берлин го разбира предвременото заминување на Трамп од самитот на Г7

Портпаролот на владата, Стефан Корнелиус, изјави дека по интензивните и продуктивни дискусии за прашања поврзани со глобалната економија, трговијата и безбедноста на суровините, Германија го почитува изборот на американскиот претседател да го напушти самитот пред предвиденото.

Тој додаде дека лидерите размениле детални мислења за ситуацијата на Блискиот Исток и го делат очекувањето дека конфликтот мора брзо да се реши преку политички средства.

Корнелиус нагласи дека на Иран никогаш не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје и рече дека решавањето на кризата треба да доведе до широка деескалација на непријателствата во регионот.

Тој, исто така, истакна дека самитот денеска ќе продолжи да се фокусира силно на војната во Украина.

Во меѓу време, Трамп увери дека не го напуштил самитот на Г7 во Канада пред неговиот крај поради конфликтот меѓу Израел и Иран и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата