Белгија најавува цврст одговор доколку САД воведат 100 отсто царина за лекови

1.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белгија најавува цврст одговор доколку САД воведат 100 отсто царина за лекови

Тој потсети дека ЕУ има постигнато договор за царина од 15 проценти и нагласи дека тој договор мора да се почитува. - Ако мерките на Трамп ја погодат и ЕУ, мора да реагираме. Не смее да се доведе во прашање договорот во толку стратешки сектор како што е фармацијата, рече Кларенвал.

Министерот побара воведување на механизми за трговска заштита за да се заштитат европските компании, обвинувајќи ги САД за уцени и некоректен однос. - Мора да останеме отворени, но без наивност, додаде тој.

Минатата недела Трамп најави нови царини, меѓу кои и за увоз на лекови, удвојувајќи ги стапките за фармацевтски производи. Според официјалните податоци, фармацевтската индустрија во Белгија учествува со 20 отсто во индустриското производство и лани извезла лекови во вредност од 79 милијарди евра. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата