Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе изврши притисок врз другите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП кога утре ќе оди на самитот на одбранбената алијанса, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
-Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти што нашите сојузници во НАТО треба да го достигнат. Долго време, претседателот (Трамп) ги повикуваше нашите сојузници во НАТО да сторат повеќе. Тој ги притискаше да се засилат и да сторат повеќе за време на неговиот прв мандат, а ќе го слушнете претседателот како зборува за тоа за време на следното историско патување во Европа“, рече Левит во интервју за Фокс њуз.