Авион Боинг 787 пропадна во земја- неверојатна глетка на аеродромот во Доха (ВИДЕО)

29.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион Боинг 787 пропадна во земја- неверојатна глетка на аеродромот во Доха (ВИДЕО)

Инцидентот се случи во петокот, на 25 октомври, кога Боинг 787-8 со регистрација А7-БЦВ извршил лет меѓу Коломбо (ЦМБ) и Доха (ДОХ). Веднаш по слетувањето во главниот град на Катар, авионот се упатил кон терминалот, но во еден момент нагло запрел.

Дел од опремата за слетување пропаднал низ шахта во близина на паркингот на аеродромот. Две тркала од десниот дел на опремата за слетување завршиле во земјата, додека другите две тркала се уште биле на површината за маневрирање. На видеото кое е создадено набргу по инцидентот може да се види како авионот се навалил на страна и дека десниот мотор на авионот ја допирал земјата.

Авиокомпанијата објави дека никој не е повреден во инцидентот и дека сите патници безбедно се симнале од Боингот 787. Аеродромот започнал истрага за да се утврди како се скршил капакот на шахтата и како резултат на тоа се заглавила опремата за слетување.

Додека трае истрагата за овој случај, авионот А7-БЦВ во моментов е приземјен. Податоците од службата за следење летови FlightRadar24 покажуваат дека авионот не летал по петокот и се уште е на меѓународниот аеродром Хамад во Доха.

Инженерите ќе ги прегледаат опремата за слетување, покривката и другите делови на моторот, пишува Aero Time.

Се верува дека ќе треба да ги прегледаат и завртките за монтирање на моторот на десната страна за да утврдат дали има штета предизвикана од ударот во земјата.

Станува збор за авион кој може да превезе 254 патници во конфигурација на кабина во две класи и кој во деновите пред инцидентот летал за Катманду (KTM), Атина (ATH) и Хо Ши Мин во Пекинг(SGN).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата