Аргентина ќе ги затвори агенциите за патишта и безбедност

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина ќе ги затвори агенциите за патишта и безбедност

Мерките се дел од планот на Милеи за драстично намалување на државните трошоци.

Треба да се издаде декрет за затворање на три агенции одговорни за изградба, одржување и надзор на патиштата, како и за сообраќајот и безбедноста на патиштата, изјави портпаролот на претседателот.

Овие агенции ќе бидат заменети со Агенцијата за контрола на концесии и услуги за јавен превоз.

Од преземањето на функцијата во декември 2023 година, претседателот Милеи започна драстична политика на затворање на државните агенции во областите на здравството, науката и културата, како и намалување на јавната администрација и другите владини трошоци. Оттогаш се скратени повеќе од 50.000 работни места во јавниот сектор.

-Овие мерки ни овозможија да заштедиме две милијарди долари годишно, нагласи портпаролот на претседателот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата