Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај

17.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај

Тој наведе дека одлуката за отворање на Ормуска Теснина е донесена во согласност со договорот за десетдневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Ормуска Теснина ќе биде отворена сè додека важи примирјето.

- Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормуска Теснина е прогласен за целосно отворен додека трае примирјето, по координирана рута како што веќе е објавено од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран - објави Арагчи на Икс.

Израел и Либан вчера со посредство на САД договорија десетдневен прекин на огнот, што стапи во сила на полноќ по локално време. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата