Арагчи: Иран нема да се откаже од нуклеарните права

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Иран нема да се откаже од нуклеарните права

Арагчи ја даде изјавата во Доха, еден ден пред уште една рунда планирани нуклеарни разговори меѓу Иран и САД во Оман.

„Ако целта на разговорите е да му се одземат нуклеарните права на Иран, јасно изјавувам дека Иран нема да се откаже од ниту едно од своите права“, рече Арагчи.

Техеран постојано повторува дека има право да збогатува ураниум за мирољубиви цели и го отфрла барањето за „нулта збогатување“ од страна на некои американски претставници.

Но, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во интервју завчера рече дека иранските капацитети за збогатување ураниум „мора да бидат демонтирани“ во рамки на евентуален договор со САД. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата