Арагчи: Иран не побарал ниту примирје ниту преговори со САД

15.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Иран не побарал ниту примирје ниту преговори со САД

- Ние никогаш не побаравме примирје, никогаш не побаравме преговори. Не гледам никаква причина да разговараме со Американците, бидејќи ние разговаравме во моментот кога одлучија да не нападнат и тоа вторпат, посочи Арагчи.

Тој додаде дека САД и претседателот Доналд Трамп избрале војна, а оти Иран ќе продолжи со самоодбрана.

Трамп вчера изјави дека Иран сака договор, но оти тој засега не може да го прифати бидејќи условите сè уште не се доволно добри.

Арагчи наведе дека Иран е подготвен да разговара со земјите кои сакаат да обезбедат сигурен премин на бродовите низ Ормуски Теснец.

- Неколку земји би се обратија бидејќи сакаат сигурен премин низ теснецот, истакна Арагчи, но не посочи кои се тие држави.

Тој изјави дека сите ирански нуклеарни постројки се целосно уништени во неодамнешните напади.

- Сите наши нуклеарни постројки сега се под урнатини и засега не постои никаква програма или план за нивна обнова, наведе Арагчи.

Тој тврди дека пред американско-израелскиот напад на 28 февруари Иран бил подготвен на отстапки за нуклеарната програма, но оти „сега ништо не е на маса. Се зависи од иднината“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата