Сенатот го потврди Пател со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“.
Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири неговите акции против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во новиот мандат./МИА