Американец повикал помош, па застрелал седум полицајци- го пронашле мртов (ВИДЕО)

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американец повикал помош, па застрелал седум полицајци- го пронашле мртов (ВИДЕО)

Според началникот на полицијата во Сан Антонио, Бил Мекманус, полицајците биле застрелани еден по друг додека пристигнувале на местото на настанот, објави ABC News.

Осомничениот бил пронајден мртов во станот по повеќечасовен судир, рече Мекманус. Истрагата се уште утврдува дали смртта е последица на самоубиство или убиен на местото на настанот од екипа на специјалци. На сите полицајци им била укажана лекарска помош и повредите не се опасни по живот, потврдија властите.

Првиот полицаец кој дошол на местото на настанот бил застрелан во нозете, а вториот бил ранет набргу, соопшти полицијата. Третиот полицаец пристигнал подоцна и исто така бил ранет, а потоа четвртиот полицаец бил застрелан во горниот дел на трупот, потврди полицијата.

Дополнителни детали за преостанатите тројца полицајци не се објавени. Идентитетот на полицајците сè уште не е објавен, но началникот на полицијата Мекманус рече дека секој од нив има меѓу четири и осум години работно искуство.

Осомничениот е маж на 40-годишна возраст, а полицијата се уште не го соопштила неговиот идентитет.

Според полицијата, тој бил уапсен на 18 јануари под две обвиненија за напад и возење под дејство на алкохол.

Во моментот на нападот врз полицајците, бил на слобода со кауција, потврди Мекманус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата