230 илјади домаќинства во Австралија и натаму се без струја, илјадници во опасност од поплави

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
230 илјади домаќинства во Австралија и натаму се без струја, илјадници во опасност од поплави

Невремето ја погоди областа северно од Бризбејн, третиот по големина град во Австралија, во саботата попладне и ги опустоши сојузните држави Квинсленд и Нов Јужен Велс. Премиерот Ентони Албанес рече дека сите работници чии приходи паднале под просечната неделна плата во земјата ќе можат да аплицираат за финансиска помош до 13 недели.

''Ви го чуваме грбот. Тоа е мојата главна порака“, рече премиерот на прес-конференција во поплавениот град Лизмор, на околу 700 километри северно од Сиднеј. Финансиската поддршка ќе изнесува 389 австралиски долари (245 американски долари) неделно, а згора на тоа граѓаните ќе можат да сметаат на еднократна уплата од 1000 австралиски долари (630 американски долари).

Според австралиските власти, околу 230.000 домаќинства сè уште се соочуваат со прекин на електричната енергија, а илјадници имоти се во опасност од поплави, откако наврнаа 433 мм дожд за 24 часа.

Осигурителните компании веќе добиле околу три илјади пријави за штета и очекуваат таа бројка забрзано да расте во наредните денови. По циклонот Џаспер во 2023 година, осигурениците платија 10,5 илјади штети во вкупна вредност од 409 милиони австралиски долари (258 милиони американски долари).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата