Карнер рече дека тинејџерот, кој беше уапсен во четвртокот, објавил онлајн разговори дека има намера да набави оружје за да нападне синагога во Виена, пренесе АП.
Тинејџерот веќе добил финансиски средства за нападот, јави австриската новинска агенција АПА, наведувајќи дека полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку електронски носачи на податоци, кои содржеле фотографии и видео материјал со упатства за изработка на бомби, оружје и муниција.
Официјалните лица не го идентификувале осомничениот, само соопштиле дека живеел во близина на Штајр во северна Австрија.
Австриските власти ја засилија безбедноста на синагогите и другите еврејски и израелски институции, по зголемените антисемитски инциденти од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.