Насловот на албумот, „The Boys of Dungeon Lane" (Момците од Данџен лејн), се заснова на стих од синглот „Days We Left Behind“ (Деновите што ги оставивме зад себе), објавен минатата недела.
- Токму за тоа размислував - за деновите што останаа зад мене, и често се прашувам дали само пишувам за минатото, но потоа си мислам: Како можеш да пишуваш за нешто друго? Тоа се само премногу сеќавања за Ливерпул... Има малку и за Џон (Ленон) и улицата „Фортлин“ во средината каде што живеев. „Данџен лејн“ е во близина, рече 83-годишниот музичар.
Ова е неговиот 18-ти солоалбум - прв по повеќе од пет години.
Песните го евоцираат неговото детство во повоениот Ливерпул, неговите родители и неговите авантури со колегите од поп-рок-бендот, Џорџ Харисон и Џон Ленон пред светот да дознае за Битлси, според описот на неговата официјална страница.
- Живеев во место наречено Спик, коешто беше претежно населено со работничка класа. Немавме многу, но тоа не беше важно бидејќи луѓето беа одлични и не забележувавте дека немате многу, додаде Пол.
Мекартни соработуваше со продуцентот Ендру Ват, а албумот, кој вклучува и нови љубовни песни, беше снимен во Лос Анџелес и Сасекс помеѓу настапите на неговата светска турнеја.

