Заедно со песните од новиот албум, публиката ќе може да ги чуе и неговите стари хитови, како што се „Miami“ и „Gettin' Jiggy Wit It“. Сепак, многу фанови беа доста изненадени од цените, а еден детаљ ги шокираше некои.
Најмногу се зборува за ВИП билетите, чија цена достигнува дури 1290 фунти (околу 1510 евра), а таа цена вклучува пристап до пробата за звук, обиколка на сцената и потпишан постер. Оние кои сакаат ќе можат да се фотографираат со Вил, но таа чест ќе ги чини дополнителни 400 фунти. Да, да, добро прочитавте. За селфи со принцот од Бел-Ер, ќе треба да издвоите околу 350 евра.
Локациите на концертите, исто така, изненадија некои
Турнејата започнува на 25 јуни во Мароко и завршува на 2 септември во Париз, но многумина беа изненадени од некои од градовите во кои ќе настапат во меѓувреме. „Вил Смит во Вулверхемптон? Тоа не беше на мојата бинго картичка за 2025 година“, „Скарборо? Како Сократес да игра за Гарфорт Таун“, „Би потрошил 400 фунти за лоботомија“ се некои од коментарите.
Оваа концертна турнеја доаѓа по подолга музичка пауза и контроверзии од Оскарите во 2022 година, кога Смит го удри комичарот Крис Рок на сцената. И покрај тоа што таа вечер го освои Оскарот за најдобар глумец, инцидентот фрли сенка врз неговиот успех.