Вил Смит објави нов албум, во кој рапува за тепачката на доделувањето на Оскарите (ВИДЕО)

31.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вил Смит објави нов албум, во кој рапува за тепачката на доделувањето на Оскарите (ВИДЕО)

Во првата песна на албумот, насловена „Int. Barbershop - Day“, покрај Смит се појавуваат диџеј Џези Џеф и Б. Сајмон, објави NBC News.

Во оваа песна, тие тројца рапуваат за моментот кога Смит предизвика инцидент што резултираше со 10 годишна забрана за учество на церемонијата на Оскарите.

Актерот поднесе оставка од Американската академија за филмски уметности и науки една недела по инцидентот.

Милиони гледачи можеа да го видат во живо моментот кога Смит го удри Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на ќелавоста на неговата сопруга, актерката Џејда Пинкет Смит, која во тоа време боледуваше од алопеција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата