Видео: Викторија бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Викторија бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

Познатата креаторка на Инстаграм објави фотки од раскошно украсена елка која комбинира бронзени, розово-златни и жолти детали, со бели светла и црвени топки.

Наместо студениот сјај на традиционалните декорации, Викторија  годинава се одлулија својата божиќна елка да ја украси со потопли нијанси на метал - бронза, шампањско злато и бакар - кои создаваат чувство на луксуз, но на ненаметлив и софистициран начин. Експертите за декор веќе предвидуваат дека овој вид палета ќе стане голем тренд оваа празнична сезона.

Божиќната елка на Бекамови не е само украс, туку модна изјава во светот на празничните декорации, а Дејвид не ја пропушти можноста повторно да ја задева својата сопруга: „Признај дека имаше малку помош“, му рече Бекам на својот драг „Пош“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата