Канадската пејачка Тејт Мекре настапи на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret), одржана синоќа во Лос Анџелес, каде што премиерно го претстави својот нов сингл „Housewife“.

Дваесет и тригодишната музичка ѕвезда се појави во блескав црвен комплет долна облека и црвени чевли со високи потпетици, изведувајќи енергична кореографија заедно со повеќе од десет танчери, сите облечени во црвени костими.

Според „Харперс базар“ (Harper's Bazaar), Тејт го изведе и хитот „Dear God“ од албумот „So Close to What“, додека манекенките чекореа по пистата, осветлени со топла, килибарна светлина.
https://www.instagram.com/reel/DeqJwoPOxbl/?utm_source=ig_embed
Впечатлив визуелен ефект создадоа проѕирните црвени крилја што се „вееа“ зад пејачката.

Песната „Housewife“ беше објавена на 15 октомври, а режисер на музичкиот спот е Пјер-Анж Карлоти. Ова е првиот сингл од нејзиниот четврти студиски албум.
Тејт претходно истакна дека публиката сè уште нема видено сè што таа може да понуди, особено кога станува збор за нејзините танцови вештини.
Зборувајќи за славата, таа призна дека животот на поп-ѕвезда може да биде исцрпувачки, бидејќи луѓето често имаат свои замисли за тоа каква би требало да биде таа.
https://www.instagram.com/reel/DeqGOaOtckj/?utm_source=ig_embed
Пред нејзиниот настап на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), таа накратко најави што може да очекува публиката, велејќи: „Моето тело е костим“.

