Видео: На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

13.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Светската музичка ѕвезда Шакира во полн сјај се врати на сцената.

Мегапопуларната Колумбијка се врати на сцената со стил, зрачејќи со енергија и испраќајќи моќна порака додека ја започна својата долгоочекувана светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро.

Ова е прв од 24-те настапи што пејачката ги има закажано само во Јужна Америка. Таа притоа, се преслече вкупно 13 пати - за секој различен „блок“ од концертот, пренесуваат тамошните медиуми.

Пејачката ја освои публиката со емотивен настап исполнет со носталгија и музички сјај, комбинирајќи ги нејзините најголеми хитови со песните од нејзиниот последен албум.

Сепак,Шакира не ја пропушти приликата да го критику бившиот сопруг Пике поради неверството.

@thalita.gabriela.bsb Estádio não perdoou nem felicitou o querido Pique kkkk! No primeiro show da turnê já tá assim! Kkkk #shakita #lasmujeresyanolloran #riodejaneiro ♬ som original - Thalita Gabriela 🦊

За време на концертот имаше и вирален момент кога обожавателите почнаа да скандираат навреди на сметка на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата