Мегапопуларната Севе на фотките може да се види како во црно бикини позира на работ на базен кој се наоѓа над амбис-провалија.
Северина моментално ужива на сончевата Корчула, каде што редовно ги почастува своите следбеници на Инстаграм со заводливи фотографии.
Сепак, најновата серија слики предизвика вистинска бура од реакции - и поради нејзината храброст и поради нејзината провокативност.
На фотографиите, пејачката позира во црно бикини кое ги открива сите „планини и долини“ од нејзиното тело, а таа мудро под фотките напиша:
„Мозокот е посекси од стомачните мускули“.
Сепак, она што особено привлече внимание е позата во која седи на самиот раб од базенот за бесконечност, веднаш над амбис.