„Пипл“: Памела Андерсон и Лијам Нисон, наводно, се во романтична врска

30.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Пипл“: Памела Андерсон и Лијам Нисон, наводно, се во романтична врска

Имено, извор близок до филмот за „Пипл“ (People) изјави оти „јасно е дека тие се заљубени еден во друг“, но тоа е романса во своите раните фази.

Претставниците на Андерсон и Нисон засега сѐ уште не се достапни за коментар.

На премиерата на „Гол пиштол“ во Њујорк во понеделникот, 28 јули, и двете ѕвезди дојдоа со своите синови - за групна фотографија на црвениот тепих. Андерсон ги има Брендон (29) и Дилан (27) со поранешниот сопруг Томи Ли, а Нисон ги има Мајкл (30) и Даниел (28) со покојната сопруга Наташа Ричардсон.

За насловна статија на „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly), инаку, во јули Андерсон рече:

- Мислам дека имам пријател засекогаш во Лијам. Дефинитивно имаме однос што е многу искрен и многу пријатен. Тој е добар човек.

Претходно, таа изјавуваше дека со Нисон (73) се поврзале преку „заедничката љубов кон литературата“ и добриот хумор.

- Го поканив него и неговиот асистент на романтична вечера со мене и мојот асистент, така што нашата врска остана „професионално-романтична“ за време на снимањето, додаде Андерсон за својот 15 години повозрасен колега.

Во 4. дел од „Гол пиштол“, Нисон го игра поручникот Френк Дребин Помладиот - син на Френк Дребин, кого во претходните филмови го глумеше Лесли Нилсен. Андерсон ја игра неговата љубовна партнерка Бет. Филмот пристигнува во кината в петок, на 1 август. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата