Озборн, легендарниот фронтмен на Блек Сабат, почина на 22 јули, а неговиот погреб се одржа денеска со големо внимание од медиумите и обожавателите.
Погребната поворка помина низ градот со музичка придружба - уметниците ја отсвирија иконската песна „Iron Man“, а видеото од овој емотивен момент брзо стана вирално на X платформата со коментар:
- Погребната поворка на Ози Озборн низ Бирмингем ја предводат музичари кои ја свират песната „Iron Man“... неверојатно.
Ozzy Osbourne funeral procession through Birmingham is being led by musicians playing Iron Man….amazing 🤘🥺🙏pic.twitter.com/OLqUgwgEv7
— Wu Tang is for the Children (@WUTangKids) July 30, 2025
Градоначалникот Зафар Икбал лично присуствуваше на церемонијата и нагласи колку многу Озборн значеше за својот град:
- Ози беше повеќе од музичка легенда - тој беше син на Бирмингем. За градот беше важно да поддржиме достоинствено и соодветно збогување пред приватниот семеен погреб. Знаеме колку многу ќе значи овој момент за неговите обожаватели. Покрај колегите членови на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд, на збогувањето присуствуваа бројни познати личности од музичкиот свет кои сакаа да му оддадат почит на човекот кој остави неизбришлив белег на светската рок сцена.