Видео: Џенифер Лопез со „неочекуван додворувач“ на сцената

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Џенифер Лопез со „неочекуван додворувач“ на сцената

Пејачката продолжи смирено со песната, иако скакулецот ја скокоткаше на вратот - како што и самата призна. Не дозволи инсектот да ѝ го одвлече вниманието, го отстрани со прстите, па доста одважно и професионално ја реши непредвидената состојба и го приврши настапот.

Лопез објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by On The JLo (@onthejlo)

„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ - се дел од коментарите на следачите.

Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата