Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка

26.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка

Денес тој е еден од најпознатите холивудски актери и добитник на Оскар, но пред светската слава, Бред Пит бил млад и речиси непознат актер кој својата прва голема филмска улога ја добил во тогашна Југославија.

 Легендата на југословенското актерство, славната Милена Дравиќ ја играла неговата мајка. Таа го опилаша тогаш младиот Бред како многу исплашен млад актер за кого тоа бил прв филм.

Станува збор за филмот „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun), кој Божидар Николиќ го снимил во далечната 1988 година на црногорското крајбрежје.

На аудицијата имало околу 400 кандидати, но Николиќ многу брзо одлучил дека Пит е вистинскиот избор.

 – Го избрав на кастингот меѓу 400 пријавени кандидати. Во потесниот избор имаше тројца актери, а во тој момент немав никакви дилеми дали да му ја доделам улогата – изјавил Николиќ. Кога дознал дека ја добил улогата, младиот Пит наводно истрчал преку тревникот, скокајќи и правејќи ѕвезди од радост.

Тој пристигнал во Југославија кога имал само 24 години и зад себе веќе имал неколку помали телевизиски улоги.

Филмот е снимен во Котор, Будва, Улцињ и околните места, а Пит го играше ликот на млад човек кој боледува од ретко кожно заболување.

На сетот биле присутни и големи ѕвезди на југословенската кинематографија од тоа време, меѓу кои Милена Дравиќ, Горица Поповиќ и Соња Савиќ.

Горица Поповиќ подоцна со насмевка се присетила на младиот актер.

– Кога стана ѕвезда, му реков на Божа Николиќ: „Погледни го тоа дете“. Зашто, кога го снимавме тој филм, Бред Пит беше како пиле – се присети актерката.

„Добро соработувавме“ Милена Дравиќ ја играше неговата мајка и го опиша како многу исплашен млад актер за кого тоа беше прв филм.

– Беше ужасно исплашен бидејќи тоа му беше прв филм. Имав неколку сцени, добро соработувавме – рече Дравиќ.

За време на снимањето, Пит живеел прилично скромно и наводно спиел во приколка на плажата во Улцињ. Се дружел со екипата, ги запознавал локалните обичаи и станал особено близок со сценаристот Жељко Мијановиќ.

Според тогашните приказни, Мијановиќ го запознал со локалната храна и пијалаци, додека Пит се обидувал да му препорача музика и книги на својот пријател. Младиот актер се обидел да научи неколку зборови на српски јазик, а меѓу изразите што ги запаметил била и реченицата „кога дојде“.

Наводно, Пит заработувал 1.523 долари неделно за филмот – сума што денес изгледа речиси симболично во споредба со неговите подоцнежни хонорари.

Поради војната и распадот на Југославија, филмот *The Dark Side of the Sun* не доживеа стандардна дистрибуција, а премиерата во САД се одржа дури во 1997 година.

Дотогаш, Пит веќе стана голема холивудска ѕвезда благодарение на филмови како *Thelma & Louise*, *Se7en* и *Fight Club*. Со децении подоцна, тој повторно се послужи со јазикот од регионот кога изговори пцовка на српски јазик во филмот *Wolfs*, во кој глумеше заедно со Џорџ Клуни.

Иако *The Dark Side of the Sun* остана релативно непознат, филмот денес е интересен токму затоа што ја означи првата голема улога на човекот кој подоцна стана еден од најголемите холивудски актери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата