Поранешна ѕвезда на Дизни за Мајли Сајрус: „Ми велеше да ги средам носот и забите“

26.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешна ѕвезда на Дизни за Мајли Сајрус: „Ми велеше да ги средам носот и забите“

Џордан Пруит, поранешна поп-пејачка која како тинејџерка настапувала заедно со ѕвездите на Дизни како што се браќата Џонас и Деми Ловато, ја обвини Мајли Сајрус дека ја малтретирала додека двете биле дел од светот на Дизни. Таа ги изнесе овие тврдења во коментар на Инстаграм, кој потоа стана вирален на Reddit и привлече големо внимание.

Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато.

„Мајли тогаш така се однесуваше со сите, вклучително и со мене“, напиша Пруит.

Кога еден корисник ја замоли да објасни што наводно ѝ рекла Сајрус.

„Мајли ми се јавуваше и ми оставаше непријатни пораки на телефонската секретарка. Таа и нејзината пријателка Менди ми велеа дека треба да направам операција на носот, да ги поправам забите и да си најдам кореограф“, напиша таа.

Пруит, која сега има 35 години, додаде дека 33-годишната Сајрус била „бездушна“. Нејзиниот коментар собра повеќе од илјада лајкови, а претставниците на Мајли Сајрус не одговорија на барањето на Page Six за коментар.

Таа претходно откри дека напишала песна за Мајли

Ова не е прв пат Пруит јавно да зборува за Сајрус. Во март, таа откри дека својата песна од 2008 година „Boyfriend“ја напишала за неа.

Во песната, таа ѝ кажува на друга девојка дека нема да ѝ го преземе момчето. Во тоа време се шпекулираше дека Пруит се забавува со Ник Џонас, но нивната врска никогаш не беше официјално потврдена. Сајрус и Џонас се забавуваа од 2006 до 2007 година.

Ѕвезда на Дизни како тинејџерка

Пруит е најпозната по нејзината песна од 2006 година „Outside Looking In“ и песната „Jump to the Rhythm“ од филмот на Дизни „Jump In!“. Како тинејџерка, таа сними два албума за „Hollywood Records“ на Дизни и беше на турнеја со некои од најголемите ѕвезди на Дизни во тоа време.

Во 2012 година, таа се натпреваруваше во американската верзија на „The Voice“ со Кристина Агилера, а во 2017 г. се повлече од музичката индустрија.

Во 2019 година, Пруит ги тужеше „Disney“, „Hollywood Records“ и нејзиниот поранешен менаџер Кит Томас. Таа тврдеше дека Томас сексуално ја злоставувал од нејзината 14-та година и дека компанијата не успеала да ја заштити.

Во тужбата, таа изнесе сериозни обвинувања против Томас, тврдејќи дека тој сексуално ја злоставувал кога била малолетна и дека во една прилика ја дрогирал и силувал.

„За жал, на големите компании на прво место им е продажбата, парите и музичките топ листи“, изјави Пруит за „Variety“ во тоа време. „Премногу често тие не успеваат да ги заштитат младите таленти за кои треба да се грижат. Разочарана сум што „Disney“ ги третира своите малолетни ѕвезди исклучиво како извор на профит.“

Извор: index.hr

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата