Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка се степале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе.
Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со семејството. Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот.
Иако вообичаено се неразделни, во неколку наврати во последните недели се видени еден без друг. Последен пат заедно биле снимени во средината на септември.
Kanye West and his wife Bianca Censori have been spotted at the Wynn.
— Las Vegas Issues (@VegasIssues) January 8, 2024
It’s 47° and Bianca was barefoot wearing a bikini top. pic.twitter.com/geB8ptca6R
Двојката се венчаше на 20 септември 2022 година. Дали на двегодишниот брак му дојде крајот, останува да видиме. Канје претходно беше во брак со Ким Кардашијан со која ги има децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм.