Итно е опериран синот на Џон Ленон, објави дека има страшна дијагноза (ФОТО)

20.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Итно е опериран синот на Џон Ленон, објави дека има страшна дијагноза (ФОТО)

На социјалната мрежа Х, Џулијан ја сподели состојбата на своето тело по операцијата, предупредувајќи ги фановите на „вознемирувачки фотографии“ од неговите лузни.

Пред неколку години, пред да отпатува за Њујорк, Џулијан отишол кај дерматолог во Лос Анџелес, кој му дијагностицирал рак на кожата.

- Пред да полетам за Њујорк, отидов, како и обично, кај мојот драг дерматолог, кој пред неколку години ми го откри и оперира ракот на кожата. Таа буквално ми го спаси животот – почна тој.

Меѓутоа, откако ги завршил обврските во Њујорк, дерматологот итно го повикал назад во Лос Анџелес бидејќи открила две сомнителни места на неговата кожа – една на рамото и една на подлактицата. Еден од нив бил меланом, за кој била потребна итна операција.

- Така, наместо да одам дома за да ја поставам мојата елка и среќно да ја завршам годината релаксирајќи се дома, веднаш одлетав назад во Лос Анџелес, откако заврши целата моја работа во Њујорк, и отидов директно од аеродромот на операција, кај хирург препорачан од дерматологот. Поминав неколку часа на операција, со надеж дека на крајот на денот ќе се излечам од рак - додаде тој.

– Операцијата беше успешна, но се уште ги чекаме резултатите од биопсијата, кои можеби нема да ги добиеме пред Божиќ – заклучил музичарот и им порача на сите редовно да одат на прегледи.

Во коментарите неговите обожаватели му посакаа брзо закрепнување и му се заблагодарија што ја подигна свеста за ракот на кожата.

- Можеби си спасил уште еден живот. Среќен Божиќ на еден од моите омилени уметници на сите времиња“, напиша еден фан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата