Тејлор Свифт, која е најбогатата пејачка, донира 5 милиони долари за настраданите во „Милтон“

10.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тејлор Свифт, која е најбогатата пејачка, донира 5 милиони долари за настраданите во „Милтон“

– Неверојатно сме ѝ благодарни на Тејлор Свифт за нејзината дарежлива донација од 5 милиони долари – напиша извршната директорка на непрофитната организација Feeding America Клер Бабинео-Фонтен на Инстаграм.

- Овој придонес ќе помогне во обновата и закрепнувањето на заедниците, обезбедувајќи основна храна, чиста вода и залихи за луѓето погодени од овие разорни бури - додаде таа.

- Ви благодариме, Тејлор, што застанавте покрај нас и им помагате на заедниците кои имаат потреба - рече таа.

Ова не е прв пат во последно време најбогатата пејачка на светот да донира пари за да им помогне на луѓето на кои им требаат. За време на турнејата Ерас, во градовите каде што настапувала, таа редовно донирала на локални кујни и организации кои им помагаат на оние во послаба финансиска состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата